Škoda Auto и ја претстави на јавноста новата генерација на електрични автомобили од семејството Enyaq, потенцирајќи дека планира сериозен развој во зоната на електрификација.
Двата модели Škoda Enyaq и Škoda Enyaq Coupé, добиваат нов освежен изглед, но и голем број на подобрувања и унапредувања.

Еnyaq еден од најпопуларните електрични автомобили во Европа
Од почетокот на продажбата во 2020 година, досега се продадени над 250.000 автомобили, што го прави моделот Enyaq еден од најпродаваните електрични автомобили во Европа.
Така на пример, во 2024 година, Enyaq со продадени 79,500 единици, беше третиот најпопуларен автомобил на Европскиот пазар на автомобили со батерија (BEV), a го освои и првото место во својата класа во Словачка и Естонија.
Успехот на својот модел, најверојатно и главната причина поради која Skoda во моментов има сериозна палета на актуелни, но и планирани електрични автомобили, во која влегува и Elroq (лансиран во 2024 година), како и планираните Epiq (2026), SUV 7 седишта (2026), Combi BEV (во годините што следат).

Редизајн надополнет со повеќе опрема и опционали
Покрај редизајнот и новите препознатливи стилски детали на Skoda, внесени се и нови елементи на опремата како што се греење на седиштата, греење на воланот, далечински асистент за паркирање кои во комбинација со 3 зонскиот климатроник, предвидлив темпомат, асистент за странични мртви точки… претставува сериозен автомобил.

Во поглед на ентериерот, клиентите ќе може да бираат помеѓу 6 дизајнерски опции, кои нудат едноставен дизајн, прегледен распоред, одличен комфор и сето тоа направено од максимално еколошки материјали.

Батерии и погон
Дополнително, новиот Enyaq може да се добие со два типа на батерии и три опции за погонот : Enyaq 60 и Enyaq 85 и двата имаат еден електричен мотор и погон на задните тркала, додека Enyaq 85x доаѓа со дополнителен мотор напред и погон на сите тркала.
Батериите од 10 до 80 проценти ќе може да се полнат за максимални 28 минути, на станиците за брзо полнење.

Инфотејнмент и конективност
Во поглед на инфотејнмент системот и конективноста, Skoda на своите клиенти повторно им нуди повеќе опции, обновени и апдејтирани апликации, а тука е и говорниот асистент Laura (вештачка интелигенција) преку ChatGPT интегрираниот систем кој може да ви помогне и обезбеди секаква информација поврзана со функциите на автомобилот, навигацијата и системот за контрола на климата.















