Доналд Трамп, како Претседател на САД, официјално ќе ги објави новите царини на сите производи кои доаѓаат од други земји, кои се зголемуваат за најмалку 10%.
Според него, Америка воведува царини кои се реципроцитетни, и со кои започнува, како што самиот го најави – “Денот на ослободување на Америка”.
Oва е крајот на праксата во која нашите “пријатели” не малтретираа и силуваа.
“Како што другите земји, воведуваа високи царини – надополнува Трамп, “-како на пример во случајот со Европа која наметна високи царини на пилешкото месо, Канада на млечните производи, Јапонија на оризот… така и Америка сега ќе воведе реципроцитетни царински стапки.”
И притоа, најавените царини ќе бидат димензионирани отприлика на “половина” oд стапките кои се, според Трамп, неправедно наметнати на Американските граѓани.
Импакт на авто индустријата
За автоиндустријата, Трамп најави царина од 25% за сите нови увезени автомобили, како и за авто деловите и компоненти кои ќе бидат увезени во државата, и кои треба да стапат на сила овој четврток.
Ваквата најава, секако предизвика шок кај сите производители на автомобили и компоненти кои произведуваат надвор од САД.
Дали ова е и официјален старт на општа трговска светска војна, останува да видиме.
Популарни содржини на нашиот сајт :







