Радарската камера во Норвешкиот тунел Флојфјел, го снимила истиот автомобил како 61 пати во рок од 4 месеци, возел со брзина над дозволеното!
Како резултат на тоа, на овој возач му била пресметана казна од феноменални 38.250 евра!
Возачот бил идентификуван од страна на полицијата и приведен пред судот, каде било констатирано дека се работи за Романски државјанин кој неколку месеци живее во Норвешка.
Тој изјавил дека не се сомнева дека камерата ги регистрирала неговите прекршоци, не побарал увид во нејзините резултати, а како причина за прекршувањата на законот изјавил дека истите ги направил ‘по навика”, бидејќи во Романија постојат други правила и брзински ограничувања.
Од страна на судот му била изречена оваа парична казна, која Романецот решил да ја замени со затворска казна од 30 дена.
Затворската казна ќе ја лежи веднаш и на нејзината должина нема право на жалба или скратување.
Покрај затворот, на Романецот му е изречена и забрана за користење на моторно возило во Норвешка, во рок од 17 месеци.














