Fiat избран за најпосакуван бренд во Германија

252

Можеби чудна, но вака гласи најновата награда за брендот FIAT – “Top Brand Desire Award”, што во слободен превод би значело – Награда за Најпосакуван Бренд, која му ја додели Германскиот автомобилистички магазин – “Automobilwoche”.

На свечената манифестација во Минхен, брендот беше препознаен како бренд кој добива најголем број на нови купувачи во Германија.

Ваквата награда доаѓа врз база на истражувањето на специјалистите од Dataforce, кои утврдиле дека FIAT е избран како нов бренд на автомобил од луѓе кои претходно поседувале автомобил од некој друг бренд.

Реклама