“Дебел” бонус за вработените

234
Фото - Ferrari

Како резултат на рекордната година, Ferrari на своите вработени им доделува “дебел” бонус од 14.400 евра.

Бонусот ќе им биде исплатен на 5.000 работници на Ferrari од Италија, кои и минатата година беа почестени со награда од 13.500 евра.

Простата математика вели дека по основ на овие бонусни исплати, Ферари ќе ги чести своите работници со буџет од 72 милиони евра, што е само уште еден показател дека фирмата се наоѓа во одлична кондиција.

Реклама