Ова се скиците и дизајнот за најновиот и најмал Volkswagen на струја, кој треба да чини околу 20.000 евра.
Се работи за концептот ID.1 кој треба да биде претставен во март, 2025, а според плановите би требало да се продава од 2027 година.
Првенствено, VW го планираше развојот на овој моде заедно со Renault, но таа соработка официјално пропадна минатата година.

Најмалиот модел на струја ќе ја дели платформата MEB Small со ID.2 и ќе биде проектиран како возило на преден погон.














