Под притисок на јавноста по трагичната сообраќајка на Партизанска во која животот го загуби младата Фросина Кулавкова, продолжува агресивната кампања на контрола и казнување од страна на патролите на МВР.
Според билтенот од 13.02, на територијата на Македонија во текот на денот биле изречени дури 809 сообраќајни прекршоци.
За што највеќе се казнуваат македонските возачи ?
- непрописно паркирање (264),
- движење со брзина поголема од дозволената (232),
- алкохолизирани возачи (6),
- минување на црвено светло (11),
- неносење сигурносен појас (46),
- недозволено говорење на мобилен телефон при возење (23),
- возачи што управувале возила без возачки дозволи (фрапантни – 56 случаи)!
- прекршочни пријави заработиле и 18 пешаци.
Имајќи го предвид нивото на потресеност на јавноста од овој трагичен настан во Скопје, фрапира фактот што темпото на казнување (и на правење прекршоци во сообраќајот) воопшто не стивнува овие неколку денови.














