600 нови Škoda Elroq на ден

136

Во фабриката на Škoda во Чешкиот град Млада Болеслав, со мало реорганизирање на производството е ослободен производствен капацитет од 600 возила на ден за електричниот SUV – Škoda Elroq.

Во истата фабрика се произведуваат и обновениот модел Enyaq, дел од палетата на Octavia (чие производство како дел од реорганизацијата се премести во Квасина) како и батериите за MEB возилата од VW Групацијата.

Škoda Elroq е првиот комплетно електричен модел на Чешкиот произвдител на автомобили во сегментот на компактни SUV автомобили.

Со достапна цена од 33.000 евра на некои европски пазари, тој е најатрактивниот автомобил во својата класа, особено ако се земе големината и перформансите на возилото.

Реклама