Според последните информации, “загубарот” на меѓународната групација Стелантис, Масерати, во следните два месеци планира да лансира два прототипа на автомобили кои треба само да го навестат враќањето на две легендарни имиња.
Двата нови концепти кои треба да бидат лансирани на 10ти Декември и кои повеќе или повеќе треба да ги скицираат идните дизајнерски правци во брендот, треба да го означат враќањето на моделите Levante и Quattroporte.

Новиот Levante се очекува да ги следи традиционалните формули, со кои моделот освои големи симпатии кај публиката и треба да бид епозициониран во сегментот на големи, луксузни SUV-a.

Кај вториот модел Quattroporte, се чини дека Масерати влегува со нов концепт, кој нема задолжително да “плива” во категоријата на луксузен седан. Сешпекулира дека Quattroporte ќе игра во просторот помеѓу кросовер и shooting brake, во поглед на дизајнот на каросеријата.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :













