Култниот моторцикл кој беше употребен во сцените при снимањето на филмовите “The Dark Knight” и “The Dark Knight Rises”, во франшизата за Бетмен, е повторно ставен на аукција.
Цената со која ќе почне наддавањето е 260.000 долари, а се очекува конечната цена да се изкачи до 1 милион долари.

Инаку, се работи за рачно изработена рамка на моторциклот, на кој е поставен мотор на Honda со зафатнина од 750cc.
Има масивни и препознатливи тркала со големина од 31 инчи и гуми на Hoosier.
Се разбира, топовите и системот за нишанење, искористени во филмот се фиктивни, а бидејќи моторот не е подвижен, истиот е поставен на челичен носач.













