Volkswagen “ја утна работата” и во Кина

43

Долг временски период Volkswagen уживаше во огромна профитабилност на Кинескиот пазар, која на некој начин, беше и драјв на вкупниот групациски бизнис. Но веќе очигледно, не е така.

Ако некогаш, Кина генерираше дури 50% од вкупниот профит на Volkswagen групацијата, сега таа бројка е падната на скромни 10%.

Во обид да направат пресврт на овие трендови, Volkswagen купи 4,99% од сопственоста во Кинескиот бренд Xpeng, со кого заедно развиваа електрична и електронска платформа.

Но три години подоцна, нивните проекции остануваат далеку од очекувањата.

Имено, според анализата на Ројтерс, од Апрл до Август, оваа година, месечно и во просек биле продавани во Кина околу 267 возила, што пак, е околу 10% од очекувањето на Volkswagen.

Според шефовите, во Кина се планираше да бидат продавани 3.622 автомобили месечно.

На Кинескиот пазар се продаваат моделите ID. Unyx 08 и ID. Unyx 09.

Според проценките моделот ID. Unyx 08, кој делува прилично агресивно не проаѓа на локалниот пазар, според очекувањата бидејќи ја нема технолошката напредност на Xiaomi YU7, а ги нема и предностите кои во процесот на полнење на батериите ги нуди Zeekr 7X.

Реклама