Машината тргна… Првиот Leapmotor произведен во Шпанија!

76

Кинескиот производител Leapmotor, и официјално го почна производството на моделот B10 во фабриката на Стелантис во Сарагоса, Шпанија.

Ова треба да е пресвртна точка за Leapmotor, со која се очекува многу посериозна присутност на Европскиот пазар.

Со производство на тлото на нашиот континент, Leapmotor треба да ги заобиколи царинските давачки на Европската Унија и да стане поефтин и подостапен за европските купувачи.

Покрај B10, наскоро, во истата фабрика треба да се произведува и B05.

Реклама