Што ќе прикаже Jeep на Саемот во Париз?

41

Неодамна компанијата Jeep, која е дел до Групацијата Stelantis, пушти во јавноста фотографија, тизер, кој многумина го протолкуваа дека брендот ќе прикаже некој нов модел, или концепт…?

Можеби ќе им даде можност на своите фанови да ѕирнат во иднината, во која се најавени шест нови модели до 2030 година?

Но одговорот е дека Jeep веројатно нема да прикаже ништо ново…

Иако Стелантис предвидува да има голем штанд за своите брендови Аlfa Romeo, Citroen, DS Automobiles, Fiat, Lancia, Opel, Peugeot и Leapmotor во Хала 4, фактот дека Jeep ќе има свој мал штанд во Сала 7, навестува дека најверојатно само ќе биде нотирана желбата за развој на брендот, која допрва треба да се дефинира и презентира, веројатно на некој нов Саем.

На Саемот во Париз, може да очекуваме да бидат изложени само постоечките Avenger, Compass и Compass 4xe.

За скриените најавени автомобили во палетата на Jeep од горната слика, сепак, ќе треба да почекаме…

Реклама