Mercedes им порачува на вработените – Никој не е безбеден!

439

Тешката состојба воавто индустријата и намалената профитабилност и продажба, не го заобиколи и гигантот од Штутгарт, Мерцедес.

Според последните информации, Шефот на одделот за производство, квалитет и ланецот за набавки, Микаел Сибе, кој е и член на врвната управа во Мерцедес Бенц, за време на состанокот со вработените во фабриката во Синделфинген, им открил на присутните дека компанијата сеуште се мачи да ги задржи сите производни погони во Германија.

А за да не се случи затварање и отпуштање, клучен фактор е да се постигне договор со синдикатите за намалување на трошокот на работната сила.

Според менаџерите во Мерцедес, најголем проблем во моментов се високите трошоци на домашен терен, во Германија.

Како што истакнуваат понатаму, ако се спореди на пример, било која од фабриките во Германија, со онаа во Кечкемет, Унгарија бројките се безмилосни и излегува дека трошоците во Унгарија се за 70% пониски од оние дома.

Сличен заклучот извлекоа и менаџерите на Volkswagen кои планираат затварање на фабриките во Германија, и вкупно отпуштање на околу 100-на илјади работници во светот.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама