Со новата Astra GSE, Оpel ja оживува култната Astra OPC Line?

82

“Германски” Оpel, ја покажа својата нова верзија на Opel Astra GSE линијата, која би требало да ја замени некогаш популарната OPC серија на повеќе автомобилски модели.

Новата GSE Line, како поспортска варијанта ќе биде достапна кај сите модели на Астра, со бензински, плаг-ин хибрид, благ хибрид и електрични батериски возила, а треба да ја замени постоечката GS линија.

Инаку, новата Opel Astra GSE Line ќе го наследи електричниот мотор од новата Corsa GSE и Mokka GSE со моќност од 276 коњски сили (206 kW).

Промените во споредба со GS линијата не се големи. Секој трим ќе има посебна боја во предната vizor маска, и нови алуминиумски тркала, а во внатрешноста се искористени посветли жолти конци, спортски седишта со интегриран наслон за глава и алуминиумски педали.

Својата премиера Opel Astra GSE Line, ќе ја има на претстојниот Саем во Париз.

Погледнете ја последната Епизода на Tемпо Магазин :

Реклама