Астон Мартин го покажа својот нов моторцикл!

976

Додека Британскиот автомобилски бренд, Астон Мартин, кој некогаш беше вистинска гордост за луѓето од Островот, ниже катастрофални финансиски резултати, се гуши во долгови (моментално должи околу 1,5 милијарди фунти) и бележи лоши резултати во Формула 1, менаџерите решија да го исфрлат првиот моторцикл, скроен за возење по улица.

Новиот моторцикл е изработен во соработка со Brough Superior, и го носи името AMB 002 Roadster.

За разлика од претходните два моторцикли кои можеа да се возат само на тркачка патека, AMB 002 Roadster, можете легално да го возите и на автопат.

Моторот е ултра лесен, изработен од микрофибер влакна и тежи 190 килограми.

Во дизајнот се чувствува влијанието на Aston Martin Design Studio, што се гледа во некои детали извлечени токму од авто индустријата.

Моторот е движен од новиот 1.1-литарски V-Twin мотор со зафатнина од 1.083 cc, со моќност од 130 коњски сили (97 kw) и вртежен момент од 110 Nm.

Kaко и обично, во приказни како оваа, серијата ќе биде лимитирана само на 300 примероци.

Погледнете ја нашата најнова епизодаод Темпо Магазин :

Реклама