Xiaomi подготвува цунами врз Европа!

199

Oткако ја “поклопи” домашна Кина, производителот на технолошка опрема Xiaomi, кој неодамна влезе и во водите на авто бизнисот подготвува вистинско тсунами и на нашиот континент.

За освојувањето на Европа, приказната почнува од најжешкиот терен, пазарот во Германија, во кој Xiaomi веќе потпиша договори за соработка и партнерство со осум големи групи на дилерства, меѓу кои и со Емил Фреј и Пенске Аутомотив.

Договорите биле изработени на маргините на Саемот IFA во Берлин, и со свеченото потпишување, Шаоми, доби комплетен пристап до сериозна дилерска и сервисна мрежа, што зачи дека за пробив во Германија нема да има потреба од инвестиции и развој на сопствени мрежи.

А ова, како што потенцираат во Шаоми е само првиот чекор во понатамошното освојување на европскиот пазар.

Реклама