Наместо T-Roc Кабриолет, во Ознабрук ќе се произведуваат одбрамбени ракети

701

Според последните информации Volkswagen ја заврши зделката, и својата фабрика во Озенбрук, во која се произведуваше T-Roc Cabriolet, ја продаде на Конзорциум од два субјекти – Aurelius Capital и федералната германска држава Долна Саксонија.

А овој Конзорциум во фабриката во Ознабрук, во која работеа 2.300 работници на Volkswagen, ќе произведува анти авионски одбрамбени системи, во соработка со Rafael Advanced Defense Systems, компанија творец на Железната Купола во Израел.

Според информациите, анти авионските системи ќе бидат наменети за потребите на Германија и Европа.

Ако му се верува на Оливер Блум, генералниот директор на Volkswagen, со конверзија на фабриката ќе бидат спасени 1.200 работни места.

Реклама