Безпилотните такси возила на Waymo, со “бубачка во матриксот”

1682

Жителите на Атланта, последните неколку дена беа сведоци на чуден феномен со безпилотните такси возила на Waymo.

Пеесетина такси возила на Waymo, без возачи, биле забележани како дезориентирано се движат во нивните квартови и често заглавувале во мртви улици, каде се мачеле да излезат од сообраќајниот калабалак.

Овој феномен обично се случувал неколку дена по ред во раните утрински часови, а бидејќи возилата биле без патници, резидентите се сомневаат дека се работи за некаква “бубачка” во вештачката интелигенција, поради што се загрижени за безбедноста на своите деца и миленици.

Како изгледала целата оваа драма, погледнете во видеото.

Реклама