Едно тркачко Porsche 911, доживеа страшен судар на трки во Калифорнија, за време на Porsche Sprint Challenge USA.
Возачот загубил контрола врз сопирачките, по што во еден остар свијок, Поршето полетало во воздух се судрило во заштитните гуми на патеката и доживеало стравичен удар по кој делови и компоненти од возилото летале на сите страни.
Возачот, извесен Мануел Гил де Реал, бил пренесен со хеликоптер до блиската болница, каде му е повратена свеста и полека закрепнува од повредите.
Како изгледала целата незгода, погледнете подолу :













