Во времето на длабока структурна и финансиска криза, во која се веќе најавени масовни отпуштања и затварање фабрики, една добра вест за Volkswagen.
Според последната информација споделена од Германскиот весник Automobilwoche, владее силна еуфорија околу новиот VW ID.Polo.

Во Европа се веќе регистрирани 30.000 порачки, што во превод значи дека листата на чекање, ако сега сакате да порачате електричен ID.Polo ќе биде 10 месеци!
Производството на ID.Polo почна во јуни 2026 година, а првите испораки се очекува да се реализираат кон крајот на годината.
Електричниот мини на компанијата од Волфсбург е поставен на унапредената MEB+ платформа со погон на предните тркала. Во основната верзија располага со батерија од 37 kWh која нуди домет до 320 км, и електрилчен мотор со моќност од 116 коњски сили и вртежен момент од 267 Nm.













