Eве ја! Новата Dacia Spring!

483

Романска Dacia ја покажа официјално својата, нова, втора генерација на својот електричен модел Dacia Spring.

Кај неа целосно е сменет дизајнот, зголемени се димензиите, додадена е поголема батерија и ставено е повеќе опрема.

Новиот Спринг е поставен на платформата RG-EV на Рено.

Сега автомобилот е долг 3,85 метри (што е за 15 сантиметри подолго од претходникот), широк 1,74 метри без ретровизорите (18 сантиметри пошироко), а сето ова, логично обезбедува повеќе простор во ентериерот.

Инструмент таблата во ентериерот има хоризонтален дизајн, со 7 инчен инструмент кластер поставен зад воланот и пред возачот, и централен екран чувствителен на допир со големина од 10,1 инчи.

Опремен е со електро мотор со 80 коњски сили и вртежен момент од 175 Nm.

Oд 0-100 km/h забрзува за 12,1 секунда а максималната брзина изнесува 130 km/h.

Батеријата користи LFP технологија и нуди домет до 250 км во комбиниран WLTP циклус.

На домашен приклучок, од 15% дo 80% батеријата се полни за околу 9 часа, додека со полнач од 11 kW на брз полнач од 15% дo 80% се полни за 28 минути.

Новиот Спринг во Европа ќе чини нешто под 20.000 евра.

Реклама