Mazda најави сериозни освежувања кај своите SUV модели

47

Јапонскиот автомобилски бренд од Хирошима, Mazda, најави дека планира сериозни освежувања кај сите модели од SUV палетата.

Според гнералниот директор на Mazda, моделите CX-60, CX-70, CX-80 и CX-90 ќе доживеат сериозни промени кои нема да бидат мали козметички корекции, нема да се ограничат само на екстериерот, туку ќе понудат и сериозни промени во внатрешноста, и секако, она што веројатно е најважно, ќе добијат и нови агрегати.

Според Масахиро Моро, промените на целата SUV гама ќе биде толку голема, како што никогаш досега не се случило!

Ова доаѓа веројатно по потфрлањето на проекциите, според кои четирите модели на Mazda, наместо 200.000 успеаа да се продадат во 150.637 примероци, во претходната, 2025 година.

Промените особено ќе се прават имајќи го предвид пазарот во САД, каде што впрочем се продаваат половина од сите SUV примероци на брендот.

Она што е извесно е дека понудата нема да се огрнаичува само на 2,5 литарскиот SkyActive мотор, што веројатно значи дека компанијата ќе воведе и мотори со хибридна технологија, со кои ќе стане поконкурентна на пазарот.

Реклама