Повеќе години, попрецизно осум, се вртеа шпекулации дека во палетата на брендот од Инголштад, ќе се појави супер луксузниот и супер гломазен SUV на Audi под името Q9!

И конечно, сите што го чекаа, може да бидат задоволни. Новиот Q9 е официјално претставен.
Но, според првичните информации истиот ќе биде главно наменет за пазарите во САД и Кина, каде особено се ценат големите SUV модели.

Q9 е најголемиот SUV кој брендот го има конструирано, долг е 5,31 метри и стандардно доаѓа со три реда седишта, а оние кои патуваат во задниот дел може да уживаат во пријатна атмосфера благодарение на панорамскиот стаклен кров со површина од 1.5 метри квдратни.

Опремен е со три литарски турбо дизел мотор со моќност од 220 kW/299 коњски сили и во Германија веќе може да се порача за цена од 108.400 евра, што значи дека таргет купувачи за овој модел ќе бидат оние потенцијални клиенти со подлабок џеп.
Инаку, Q9 тежи 2.6 тони, забрзува од 0 дo 100 km/h за 6,5 секунди и има максимална брзина од 240 km/h.















