Нов хит од Кина! Мини колички со сериозни перформанси

314

Од Кина ни доаѓа уште еден најнов тренд, кој тотално го обзема светот и пред се’ младите луѓе.

Сериозно влијание во оваа најнова “лудост” од Кинезите имаше компанијата End of STAY Automotive Art Studio, која започна да ги произведува овие “половинки” мини автомобили, изработени во пропорција 1:2.

Во понудата на овие лилипутанци влегува и едно Porsche 964 изработено во пропорција 1:2, со челична шасија, вистинска суспензија, диск сопирачки и хидраулична рачна кочница која работи на задната оска и со тоа овозможува со нејзиното кревање возачот да го “дрифта” своето милениче на тркала. А сето ова значи дека овие автомобили се се’ само не се играчки.

Малото Porsche н пример користи електричен мотор со моќност од  2.5 kW, има домет до 50 километри и максимално ограичена брзина на 50 km/h.

Цената на едно вакво Porsche 964 започнува од околу 7.000 евра.

Погледнете како изгледа овој нов хајп :

Реклама