Leapmotor продаде над 100.000 возила во еден месец!

267

Кинескиот бренд Leapmotor кој работи под капата на Групацијата Stellantis, во месец Јули оствари испорака на 101.267 возила во само еден месец!

Со тоа Leapmotor станува првата старт-ап компанија во сферата на електричните возила која успеа да реализира ваква бројка.

Дополнително, во Leapmotor е забележан континуиран раст во последните пет месеци, и пораст од 8,45% во споредба со претходниот месец Јуни, кога беа продадени 93.376 возила.

Исто така во 2026 во првите седум месеци, беа продадени 457.754 возила, што претставува раст од 68,42% во споредба со претходната 2025 година.

Во поглед на волуменот, се чини дека беше одличен стратешки потег, коалицијата која Кинески Leapmotor ја направи со Групацијата Stellantis. 

Реклама