Не е никаква тајна дека Volkswagen се соочува со сериозни финансиски проблеми, поради кои се најавени стотина илјади отпуштања, затварање фабрики и ослободување од голем број модели кои на компанијата не и носат профит.
За ваквата состојба, веројатно има огромен број причини.
Силната конкуренција, особено од Кина, која полека го преплавува Европскиот континент, царините на Трамп кои направија сериозен проблем на профитабилноста, но и многу грешки направени во сопствените редови.
A aко треба да се изолира една, најсериозна грешка на менаџментот на Volkswagen, веројатно тоа би била дијагнозата – пресамоуверени во себе, тотално се опуштија.

Како што обично бива во големите корпорации, и Volkswagen комплетно ги отвори своите врати, па во еден момент, платниот список во компанијата броеше 630.000 луѓе! Заедно со заедничќките вложувања со Кинеските бројки, оваа бројка достигна фантастични 680.000!
Бројките се обично релативни, но ако ги ставите во корелација со компанија која го има сличниот волумен на производство, на пример со Toyota, во Volkswagen работеа 60% повеќе луѓе, 140% повеќе од еден Ford, 240% повеќе од Stellantis (Peugeot, Citroen, DS, Opel, Jeep, Fiat, Alfa Romeo…).
Toкму затоа, менаџментот се наоѓа пред сериозен предизвик, масивно да ја намали бројката на вработени луѓе – за најмалку 100.000 работници, што секако ќе има ужасен импакт врз локалните економии.

Се шпекулира дека се подготвува и затварање на четири фабрики – Емден, Цвикау, Хановер и Некарсулм.
А ако овие обиди не вродат со плод, се погласни се и шпекулациите дека Volkswagen може да биде “спасуван” од некој Кинески гигант кој може целосно или делумно да ја купи неговата сопственост.













