Ако ве интересира во која развиена европска земја, колку автомобили беа продадени минатата, 2025 година, можете да го погледнете овој убав, анимиран преглед на податоците изнесени од Асоцијацијата на Европските Автомобилски производители (ACEA).

Kратки поенти :
- Најголем пазар на стариот континент, останува Германија со 2,86 милиони регистрирани возила во 2025 година, но и раст од само 1,4%, што зборува за тоа дека овој пазар е веќе созреан, без преголеми можности за раст
- Втор по големина е пазарот на Велика Британија со 2,02 милиони регистрирани нови автомобили (+3,5%)
- Пад на продажбата, споредено со претходната 2024 година, бележиме во Франција, Белгија, Италија, Швајцарија
- Најголем раст има во Норвешка 39,4%, што главно се должи на електричната револуција во оваа Скандинавска земја.













