Снаодливите и рационални млади Јапонци, измислија начин како да возат супер спортски автомобили, со супер скапи цени.
Во земјата започна да работи посебен сервис, наречен Rendez-Vous, кој работи само со користени и спортски и луксузни супер автомобили. Во флотата на компанијата има класични возила од 1950-те години, па донајнови хипер автомобили.
Формулата е прилично едноставна.
Се работи за вид на кар шеринг, со кој група на луѓе (најчесто петмина) се здружуваат и добиваат на користење автомобил од соништата, во период од годината.
Притоа, секој од членовите на оваа група има право да го користи возилото најмалку по 50 дена.

Цената којашто ја плаќаат членовите, не е цената на возилото поделено на пет дела, туку цената на амортизацијата на вредноста (колку возилото ќе загуби вредност во оваа една година, заедно со сите вклучени трошоци за сервисирање, одржување, осигурување, паркинг…).
На тој начин еден анкетиран Јапонец, ја добил можноста 50 дена да мине со Ferrari Modena 360, нешто што инаку не би било достапно за едно момче во дваесетите години.
Овој кар шероинг модел е толку популарен што во моментов има листа на чекање од околу 3.500 луѓе.
Во една анкета во Јапонија, околу 33 проценти од испитаниците на т.н. Gen Z, изјавиле дека воопшто не се заинтересирани да поседуваат автомобил.

Инаку, Ferrari 360 Modena беше откриен на Саемот во Женева во 1999 година. Креиран е од Пининфарина и е целосно изработен од алуминиум.
Овој мал спортски автомобил е опремен со 3,6 литарски, V8 мотор со моќност од 400 коњски сили.
Има менувачка кутија позајмена од F1, и конвенционален шест степен мануелен менувач, a како користен може да се набави по цена од 75-120.000 евра.







