Дигиталните номади го “редизајнираат” новиот Ferrari

64

Контроверзното лансирање на првиот електричен автомобил на Ferrari, кој не е по вкусот на многу фанови и експерти, продолжува да ги бранува духовите.

Покрај бројните мемиња во кои главно се критикува или се исмева новиот дизајн, кој воопшто не личи на едно Ferrari, се појавија и неколку редизајни на моделот Luce.

Еден од нив, доаѓа оддигиталниот дизајнер под името “ildar_project,” кој го ретушираше електричниот автомобил и од модел со четири врати го трансформираше во двовратно купе, како што, впрочем, можеби многумина посакуваа и очекуваа.

Што мислите на идејата?

Реклама