Откако првиот електричен автомобил на Ferrari, моделот наречен Luce (Светлина), направи вистински дар-мар во автомобилската јавност и пред се’ кај фановите на брендот, луѓето од Ferrari го однесоа кај Папата Лео XV.
И додека сеуште се жешки контроверзите, поради, како што многумина критикуваат, новиот модел кој воопшто не личи на Ferrari, на Папата очигледно му се допадна Luce.
Лео XV кој и инаку е голем вљубеник во модерната технологија, бил особено импресиониран од комфорот и модерните решенија кај новиот Luce.
Нема да не изненади, ако по одредени адаптации, овој автомобил стане и Папа Мобил.







