Се враќаат ли седаните на сцена?

991

Во последните дваесетина години, автомобилската сцена целосно се промени, а се променија и желбите и потребите на клиентите.

Еден од најсериозните трендови беше напливот на SUV модели, кросовери и теренци, кој истовремено ги истисна од сликата малитe градски автомобили и пред се’ седаните.

Но ако се верува на последното истражување во САД, направено на репрезентативен примерок од 1,000 испитаници на возраст од 14-19 години, повеќе од половина (51%) одговориле дека би сакале да поседуваат седан.

31% од нив се изјасниле дека би сакале да имаат SUV, а 14% – камионет.

Сосема логично, продукт менаџерите во автомобилските компании многу сериозно, ако не и опсесивно, ги следат овие пазарни испитувања, сакајќи навремено да ја прилагодат својата палета на автомобили на афинитетите на “новите генерации” возачи.

И, веројатно не е случајно што шефот на Стелантис за САД Ралф Жилес, изјави дека и самиот веќе е изморен од SUV моделите, а Џим Фарли, директорот на FORD најави дека сериозно се размислува за равој на седаните во нивната понуда.

Постои и едно психолошко објаснување, според кое причината за моментната преплавеност на авто пазарите со SUV автомобили, настанала како своевиден револт на Генерацијата X (родените од 1965-1980). Бидејќи тие израснале возејчи се во седани, тие иницирале нов бран на популаризација на SUV моделите (кои се различни од автомобилите кои ги сакале и возеле нивните родители), а кои секако имаат “традиционален и застарен” вкус.

Се претпоставува дека новиот тренд, повторно се јавува од истата причина. Новите Генерации (Y и Z) се презаситени од SUV и Кросовери, па сакаат нешто ново, а за нив, ново, во формата на каросеријата е очигледно седанската верзија.

Реклама