Stellantis го задржува Maserati и инвестира во два нови модели!

193

И покрај лошите продажни резултати и бројните шпекулации дека Стелантис сака да се ослободи од Maserati, на презентацијата “FaSTLANe 2030 ”, беше потврдено дека Масерати не е на продажба.

Напротив, до 2030 година, легендарниот Италијански бренд ќе добие два нови модели, од кои еден треба да биде SUV, а вториот треба да има поспортска генетика и да има форма на купе.

Од Групацијата велат дека нема да се ограничат само на електрични модели, бидејќи праксата покажува дека клиентите сеуште сакаат мотори со внатрепно согорување и хибриди.

Во меѓувреме, на Саемот за автомобили во Париз, овој октомври, Maserati ќе претстави нов концептен модел кој треба да го претстави новиот дизајнерски јазик на брендот, што ќе се користи следните години.

Реклама