За многумина, аромата што ја чувствуваме при влегување во ново возило е најубавото нешто на светот.

Но, дали некогаш сте се запрашале дали таа миризба е здрава?
Ова прашање си го постави Германски ADAC во својата последна анализа, за која можете да прочитате на следниот линк.
Со сериозна опрема, експертите на ADAC во својата лабораторија, утврдиле дека аромата доаѓа од емисијата на лепаци, текстил и пластика, која може да биде многу интензивна.
Испитани биле следните модели :
- Dacia Spring
- BYD Seal 6 DM-i Touring
- Hyundai Kona Hybrid
- VW Golf eTSI
Притоа заклучено е дека четирите возила не се разликуваат премногу во начинот на кој се чувствува миризбата.
Студијата, главно се фокусирала на таканаречените – volatile organic compounds (VOCs), или во слободен превод – агресивни органски материи, или хемиски супстанции кои се емитираат во воздухот на собна температура.

Во едно ново возило може да се измерат 150 различни супстанции, а високата концентрација на истите може да предизвикаат главоболка, иритација на мукозната мембрана.
Овие материи се наоѓаат во лепила, бои и средства за хигена.
Формалдехајдот и некои други материи може да бидат дури и канцерогени.
Тестот на ADAC на крајот констатира дека сите параметри кај сите четири возила при умерени температури се под нивото на формлдехајд од 0.062 mg/m³, одобрено од ЕУ.
Но при топлотен стрес (паркинг мод) измерените вредности кај VW Golf eTSI, Dacia Spring, и BYD Seal 6 DM-i Touring го надминуваат нивото RW I.
Кога ќе се вклучи климата, забележано е дека нивото на форалдехајд се намалуваат, што значи дека се препорачува да се вклучи клима уредот, кога се стартува возилото.
На крајот, студијата покажува дека ниту едно од тестираните возила не претставува моментен ризик фактор по здравјето. Но при зголемени температури се зголемува нивото на загадување во возилото, особено после паркирање директно на сончеви зраци. Овој ефект обично се намалува во првите неколку месеци откако ќе го купите новото возило.
Сепак, на производителите им се сугерира континуирано да го надгледуваат овој ризик фактор и активно да работат на емисија на штетните материи и супстанции во новите возила.







