Генералниот директор на Citroen официјално објави дека планира да ја воскресне легендарната, кај нас позната како “Дијана”. Станува збор за моделот 2CV, за кој веќе се појави и тизер кој треба да ја подготви јавноста за она што претстои.

Aвтомобилот кој уште беше познат како “полжав” бидејќи од 0 до 100 km/h забрзуваше за 30 секунди, сега ќе дојде како електричен автомобил со одлични својства, урбан карактер и достапна цена која ќе почнува од 15,000 евра.
Како и кај повеќето брендови кои ги оживуваат своите легендарни автомобили, и кај 2CV ќе има спојување на ретро коцкестиот дизајн со нови модерни дизајнерски нишки.

Продажбата на легендарната Дијана, треба да започне во 2028 година.







