Атина целосно го менува својот возен парк на автобуси

50

Додека нашите градски власти, со години ја влечкаа набавката на нови градски автобуси, Атина прави сериозна обнова на својот возен парк и досега набави 1.076 нови автобуси.

Со тоа, за 80% е целосно обновен возниот парк.

Во последната набавка биле опфатени 125 електрични автобуси,  13 се погонувани од природен гас и се набавени од Iveco, а 67 автобуси се на компресиран природен гас (CNG) од производителот – Menarini.

Паралелно со набавката на автобусите, се врши регрутација и на нови возачи кои ќе ја оперираат новата флота.

Во првата фаза се дава можност да аплицираат и оние кои немаат валидна возачка дозвола, а се потенцира дека истите ќе може бесплатно да бидат обучувани и да полагаат за дозвола.

Според извештаите од терен, веќе се чувствува сериозно подобрување на квалитетот на услугата, а времето на чекање автобус, од 19 е смалено на само 8 минути.

До 2028 година ќе бидат набавени уште 617 нови автобуси, кои ќе бидат финансирани со европски и со сопствени, национални, извори.

Реклама