Креативноста во автомобилскиот свет не познава граници.
Тоа ни го покажаа и стажантите од фабриката на BMW во Динголфинг, кои смислија специјален автомобил XM Label Soundmachine, кој за кратко се трансформира во платформа од која директно може своите музички сесии да ги прави секој ди-џеј.

Врвната музичка машина е опремена со четири цвртси столбови кои го носат платното и странично поставен двостран LCD екран со големина од 6 метри квадратни.
Дополнително, импровизираната сцена е опремена и со рефлектори, кои се фиксни или ротирачки, четири звучници и четири субвуфери од dBTechnologies.

Да биде чувството комплетно се грижат и сетапот на Pioneer DJ од DJM V10 миксер и два CDJ 3000X плеери.
За комплетен ефект, трансформерот поседува и четири машини за правење магла.

Музичката машина се појави и на 24 часовната трка во Nürburgring.







