Ако сте по некоја случајност во Париз, не пропуштајте да го посетите салонот за автомобили на Саемот во Париз.
Овој настан, кој секако, нема преголемо значење на автомобилската сцена, се одржува на Саемската локација, во центарот на градот, на 3.000 м2 и претставува одлично место да ги погледнете новините, кои реално, се главно фокусирани на домашниот пазар на автомобили, електрични возила, скутери и други видови на мобилност.
Саемот трае 12 дена од 30ти Април до 11 Мај 2026.

Покрај домашните (Renault Retail Group), на Саемот се присутни и Tesla, како и главно кинеските брендови – BYD, Geely, Leapmotor како и многу производители на велосипеди и скутери.







