Во “легендарната” фабрика на Stellantis, запира производството на автомобили

264

Meѓународната автомобилска групација Stellantis, најави дека до 2028 година планира својата легендарна фабрика во Поаси, близу Париз, целосно да ја трансформира и наместо за автомобили, да ја специјализира за производство на резервни делови.

Овој потег се најавува како дел од најавената трансформација на групациското работење, кое минатата година доведе до фрапантна загуба.

Оваа фабрика започна со работа во 1937 година под капата на Ford, подоцна беше превземена од Chrysler, на крајот од Peugeot.

Со новиот план се предвидува моделите DS 3 и Opel Mokka да престанат со производство во Поаси до 2028 година, по што компанијата која ќе биде сериозно обновена и трансформирана за што се веќе испланирани инвестиции во вредност од околу 100 милиони евра, ќе почне да работи како поддршка за останатите фабрики во рамки на брендот.

Реклама