Eве го! Светска премиера на новото ID.Polo!

297

Конечно, од кујната на Volkswagen официјално се појави новото, целосно електрично ID. Polo, моделско име кое е воедно и едно од најпродаваните автомобили на марката.

По долги најави и подготовки, го имаме новиот, електричен наследник на малиот градски автомобил Polo, кој досега се продаде во околу 20 милиони примероци во светот.

Цена под 25.000 евра!

Развиен е во Волфсбург, и ја има онаа почетна цена од 24.995 евра за која луѓето од Volkswagen сметаат дека е магична и дека ќе ја направи електромобилноста достапна за сите.

Од електричното Polo се очекува да има домет од 454 километри според WLTP циклусот.

Како и кај некои други автомобили од овој тип, и Поло ќе нуди можнсот за Vehicle 2 Load, или можност од батеријата да се напојуваат со електрична енргија и надворешни уреди, како кафемат или е-велосипед.

Томас Шефер, Членот на Бордот на директори на Volkswagen AG, и генерален директор на брендот на патнички возила на Volkswagen изјави : “ ID. Polo го носи бестселерот на Volkswagen во електричното доба. За декади, Поло беше дел од секојдневниот живот на луѓето. Со ID. Polo, ја правиме електричнатамобилност дстапна до многу повеќе луѓе со јасен безвременски дизајн, интуиивнаоперација, силен квалитет и технологии од повисоките сегменти. Оригинален Volkswagen, токму онаков каков што нашите клиенти очекуваат од нас.”

Компактен, а сепак комфорен

Во поглед на димензиите, Поло е компактен, но истовремено и доволно комфорен за секојневна употреба. Долго е 4,053 mm, широко 1,816 mm и високо -1,530 mm.

Меѓуоскиното растојание му е 2,600 mm.

Споредено со моделот со мотори со внатрешно согорување, ID. Polo има подобра искористеност на просторот главно како резултат на MEB+. Типичен пример за ова е просторот во багажникот кој порасна од 351 на 441 литри волумен, а со спуштени задни седишта волуменот се зглемува на 1.125 литри.

Чисто Позитивно

Новото ID. Polo е првиот продукциски модел кој целосно ја следи новиот дизајнерски јазик на Volkswagen, познат под името Pure Positive, промовиран од новиот Главен Дизајнер Андреас Миндт.

Како резултат добиваме компактен автомобил со чисти пропорции, иконски дизајнерски елементи како што е Ц-столбот позајмен од првиот Golf, симпатична предница и моќен заден дел на каросеријата.

Новиот  ID. Polo, како во надворешноста така и во ентериерот е креиран според новата дизајнерска филозофина на брендот – Pure Positive.

Интелигентна архитектура, висококвалитетни материјали и одлична ергономика.

Дигиталниот кокпит има дијагонална големина од 26.0 cm (10 инчи) и е поставен по визуелната оска.

Во средината е позициониран нов екран чувствителен на допир за инфотејнментот, по дијагонала голем 32.77 cm или 13 инчи и поставен централно за да може лесно да му пристапат и возачот и совозачот.

Тој е лесен за контрола и оперирање и делува како висококвалитетен таблет.

Неколку електрични варијанти

ID. Polo е опремен со погон на редните тркала и со три типа на моќност со 85 kW (116 КС), 99 kW (135 КС) и 155 kW (211 PS).

Верзиите со 85 kW и 99 kW ќе бидат опремени со литиум железно фосфатна LFP батерија со капацитет од 37 kWh (нето).

Оваа батерија на DC полнач од 10 до 80% ќе се полни за околу 23 минути, со што ќе се обезбеди автономија од околу 329 километри.

Верзиите со посилната моќност од 155 kW се погонувани од никел-манганска-кобалт батерија NMC со капацитет од 52 kWh (нето), и автономија до 454 km , а од 10 дo 80% на DC полнач ќе се дополнува за 24 минути.

Многу опрема

Новото ID.Polo доаѓа со многу опрема и модерни системи за асистенција на возачот. Како опција, во него се вградува и новата генерациј на Travel Assist кој ареагира на сообраќајните знаци.

Можно е и возењето со една педала, кое овозможува забавување на возилото само преу регулација на педалата за забрзување.

Продажбата започнува

Предпродажбата на електричното Polo стартува – ДЕНЕС.

Реклама