Ново Партнерство. Jeep и Harley Davidson

34

Jeep® и Harley-Davidson во 2026 година започнуваат ново партнерство во Европа, со кое сакаат да ги поврзат своите иконски авантуристички вредности и традиции.

Ова, практично претставува некој вид на обновување на партнерството кое започна во 2014 година.

Целта е да се засили врската помеѓу двата бренда и нивните фанови и клиенти, обединети околу истите вредности на слобода, страст, авантура и автентичност, обединети во нивната страст кон ритуалите.

Како што велат во двете компании, кога патниците со Jeep или Harley ќе се сретнат на патот, како да ја слушате во позадина музиката на песната “Born to Be Wild” – Родени да бидат диви.

Со задоволство ќе ја следиме оваа приказна да видиме што ќе донесе ова сериозно партнерство.

Реклама