Нов SUV на “Кинескиот” AUDI

61

За Кинескиот пазар, германскиот бренд на луксузни автомобили AUDI се здружи со локалниот Кинески гигант SAIC, каде заеднички го формираа брендот AUDI – но само со букви, не и со препознатливото лого со четири споени прстени.

За Саемот за автомобили во Пекинг, AUDI го подготви и претстави моделот E7X кој доаѓа како втор модел во гамата на новиот бренд, Е5 Sportback.

Во поглед на дизајнот, интересно е решението за предницата, каде имаме целосно затворена маска која е заобиколена од црна “loop” линија.

Предните Digital Matrix LED светла се поставени вертикално.

Во поглед на дизмениите, новиот кросовер E7X е долг 5,049 mm, широк – 1,997 mm и висок – 1,710 mm, со меѓуоскино растојание од 3,060 mm.

Според параметрите можеме да заклучиме дека е тој, за нијанса пократок од Q7, но и дека има додатни 66 мм помеѓу тркалата, што секако означува повеќе простор и комфор во внатрешноста.

Во ентериерот доминира панорамскиот дизплеј со големина од 59 инчи и воланот кој е сплескан на долниот дел.

На кровот е поставен панорамски кров , кој може паметно и на секвенци да се затемнува и осветлува.

E7X се нуди во варијанти со четири и со пет седишта.

Логично за луксузните автомобили од овој тип, и патниците на задната клупа можат да се забавуваат со екранот голем 21.4 инчи што може да се контролира со гласовна контрола, далечинско или преку екран чувствителен на допир.

E7X вози на Напредна Дигитализирана Платформа и има 900 волтна архитектуракој овозможува полнење на батеријата од 10% до 80% за околу 13 минути.

Батеријата може да биде од 100 и 109 kWh, која би требало да понуди автономија до 750 км.

AUDI нема премногу технички детали, но се потврдува дека ќе понуди погон на задните тркала со мотор што произведува моќност од 402 коњски сили (300 kW) со вртежен момент од 500 Nm.

Клиентите ќе може да изберат и кросовер со погон на сите тркала кој има моќност од 671 кс (500 kW) и вртежен момент од 800 Nm, а оваа варијанта од 0-100 km/h забрзува за 3.9 секунди.

Реклама