На официјална прес конференција во просториите на РК Вардар,беше објавено ново партнерство со Делфино Груп Мобилити, кој ги застапува брендовите GEELY, Lynk&Co и SIXT во Македонија.
Delfino Mobility Group, преку брендовите GEELY и SIXT, официјално станаа мобилити спонзор на „црвено-црните“.

„Драго ми е што со Delfino Mobility Group потпишуваме соработка, и верувам дека истата ќе ја продлабочиме во иднина на взаемно задоволство. Ова е првпат да имаме ваков партнер, и сакам да им се заблагодарам што во нас препознаа соработник за заеднички успеси, изјави Михајло Михајловски, претседател на РК Вардар.
Со ова партнерство, логото на Delfino Mobility Group, заедно со GEELY и SIXT, ќе биде дел од опремата на тимот во периодот што следи, како симбол на поддршка и заедничка визија за успех.

„Голема чест е да се биде дел од приказната на РК Вардар, клуб со победнички дух и силен идентитет. Како компанија која повеќе од 30 години е присутна на регионалниот пазар, веруваме во вложување во вредности што обединуваат, а спортот е токму тоа. Преку GEELY и SIXT ќе обезбедиме сигурна мобилност и поддршка, со цел тимот да остане фокусиран на нови победи,“ изјави Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group.
Договорот за соработка стапува на сила веднаш и е предвиден да трае до крајот на сезоната 2029, со јасна цел заеднички успеси, стабилност и нови спортски достигнувања и трофеи.







