Volkswagen се откажа од електричниот Golf!

240

Колку е голема кризата во Volkswagen, покажува и последниот потег на раководството на Групацијата која според продажбата во светски рамки е на второ место, веднаш зад Тојота.

Имено, Volkswagen донесе одлука да го паузира развојот на својот ID. Golf, електрична варијанта на најпродаваниот автомобил на сите времиња од Волфсбург.

Според информациите, паузата е привремена, а според инсајдерски информации Томас Шафер, генералниот директор на VW им кажал на своите работници, дека компанијата едноставно – немаме пари и тоа е тоа.

Новиот електричен Голф, требаше да биде развиен на нова склеста платформа, SSP (Scalable Systems  Platform) која пак требаше да ги унифицира постоечките архитектури на електричните автомобили на VW и да ги направи поефтини за производство и конкурентни кон автомобилите со потекло од Кина.

Реклама