Нова LADA Niva?

155

Во Русија, земјите од Источниот блок и во нашата земја, секако, популарниот off-road теренец LADA Niva уживаше и сеуште ужива огромен респект кај возачите, професионалците и кај конкуренцијата.

Зошто?

Поради своите компактни димензии, робусност, цврстина и виталност на секаков пат, вклучувајќи ги и тешките планински предели надвор од асфалтот.

Впрочем, стари модели на Lada Niva, сеуште можете да најдете на нашите паркинзи, патишта и професионални флоти на возила.

Руската Niva се појави во далечната 1977 година и постои до денес, во малку освежувани и редизајнирани форми.

Но, според последните информации, AvtoVAZ, по 48 години, реши полека да ги менува двата постоечки модели Niva Legend (3-врати) и Niva Travel (варијанта со 5 врати).

Нов мотор

Наместо со постоечкиот 1,7 литарски мотор, новите Niva ќе бидат опремни со 1,8 литарски, четири цилиндерски мотор, со 90 коњски сили во основната до 120 коњски сили во поопремените варијанти (наместо досегашните варијанти со само 83 коњски сили.)

AvtoVAZ не планира да прави промени во погонот, возилото ќе има константен погон на сите тркала (4×4) со диференцијал со заклучување, спарени со 6 степен мануелен менувач, но има одредени шпекулации дека ќе се имплементира и автоматски менувач.

Новата Нива ќе биде подолга – околу 2,3 метри со меѓуоскино растојание од 2,6 метри, што гарантира поголем простор во ентериерот.

Eнтериерот според првичните фотографии ќе биде многу помодерен со централен дисплеј чувствителен на допир.

Цената во Русија треба да биде димензионирана околу 20.000 долари.

Имајќи ја предвид комплицираната геополитичка ситуација, останува нејасно да се види дали оваа нова LADA Niva, која сеуште има статус на концепт кој допрва треба да почне да се произведува во фабриките на AvtoVAZ воопшто ќе биде подготвена и лансирана на европските пазари.

Реклама