Toaлет во колата? Не благодарам

2900

Уште не можеме да сватиме, зошто некој би смислил, дизајнирал и патентирал ваква будалаштина.

Но, колку и да изгледа апсурдно, Кинеската компанија Seres смисли и патентираше тоалет школка, сместена под седиштето.

Не е баш како на сликата погоре, која ја добивме играјќи се со вештачката интелигенција.

Според техничките цртежи што се појавија на социјалните мрежи (подолу), а во чија веродостојност не сме стопроцентно сигурни, веројатно се работи за WC школка, која е поставена на шински систем и која е скриена под седиштето.

На ваша команда, седиштето се повлекува наназад, тоалетот се извлекува, и кога… веројатно ќе завршите работа, можете пак да ја скриете школката (или попрецизно – чучавецот) под седиштето.

За жал нема дополнителни информации, дали системот предвидува одводни цевки, систем за апсорпција и вадење на фекалиите.

Не е јасно и дали е тоалетот замислен за мала или голема нужда, ако е можно второто, како ќе се спасите од мирисите и бактериите…?

Фактот што овој систем е патентиран во Кина, или е наменет за големите мешаници по автопатот, кога луѓето се заглавени со часови во сообраќајот, а имаат итна потреба за уринирање… или Кинезите се подготвуваат за некое ново апокалиптично сценарио, во кое ќе мораме да живееме во автомобилите.

Реклама