Џиновски екран за новата Mercedes-Benz C Класа

257

Меrcedes-Benz продолжува со своите светски премиери на нови и освежени автомобили.

Следна на ред е сосема новата, електрична C-Класа, која своето деби и светска премиера ќе ги има на 20-ти Април во Сеул, Кореја.

А од првите фотографии кои брендот ги сподели од јавноста, навистина боли глава!

Ако некој имаше нешто против големите екрани, погледнете го овој MBUX Hyperscreen, џиновски екран кој се протега по целата предна табла, и на кој можете да ги следите информациите за возилото и секако да уживате во најмодернот инфотејнмент систем на тркала.

Во екранот се сместени 10 милиони пиксели, но и покрај тоа што се ви е на домет на раката, сепак во Мерцедес ги послушале клиентите и оставиле по некоја команда да се прави преку копчињата на воланот и централната конзола.

Во известувањата до јавноста се вели и дека ова ќе биде најспортскиот електричен автомобил во палетата на Мерцедес, дека благодарение на новите седишта долгите патувања ќе бидат супер комфорни, а во ентериерот ќе мое да се ужива и во ѕвезденото небо на панорамскиот покрив.

И да… за оние на кои тоа им е важно, ентериерот ќе биде направен од вегански материјали.

Реклама