На Американскиот пазар, Jeep кокетира со Миленијалците

124

Специјално за пазарот во Северна Америка, производителот Jeep, инаку дел од Групацијата Стелантис, реши да им понуди специјална едиција на Миленијалците, со ретро дизајн и бои.

Промоцијата се однесува на моделите Gladiator и Wrangler Rewind, кои се именувани како “vibrant throwback”, или вибрантен повраток кон 80те и 90те години од минатиот век.

Палетата е крајно ограничена, а нијансите и мотивите, делуваат како Враќање во минатото, во “скејт ерата” и времето на MTV.

Moтивите од оваа мината, но никако заборавена ера, се присутни и во ентериерот.

Реклама