Кинескиот бренд на Stellantis промовира електричен ван

241

Leapmotor, дел од Групацијата Стелантис, го промовираше моделот Leapmotor T03 LCV, урбано, целосно електрично товарно возило, подготвено за урбано движење и пренос на мали товари.

Ванот е изведен од патничкиот модел Leapmotor T03, а T03 LCV е специјално адаптирано за употреба како лесно комерцијално возило, со компактни надворешни димензии.

Долг е 3,620 mm, широк 1,652 mm и висок 1,577 mm.

Вака спакуван нуди волумен за товарање од 657 литри и максимален товарен капацитет од 220 килограми.

Опремен е со електричен мотор со моќност од 70 kW (95 коњски сили) што испорачува вртежен момент од 158 Nm и ветува домет од 256 километри со полна батерија.

Батеријата има капацитет од 37,3 kWh а може да се дополнува на AC или DC брз полнач, при што од 30–80% батеријата се дополнува за околу 36 минути.

Интересно, за автомобил од овој тип, во ентериеротима и 10,1 инчен централен екран чувствителен на допир и 8 инчен дигитален инструмент кластер.

Во сериозен фокус е ставена и безбедноста – со предни, странични воздушни перничиња и воздушни завеси, задни сензори за паркирање и задна камера, како и бројни елементи на системите за асистенција на возачот ADAS.

Финализацијата на овие автомобили ќе се прави во Мирафиори фабриката во Торино, а цената ќе биде околу 14.600 евра + ддв.

Реклама