Фановите на кампирањето и животот на тркала, веројатно нема да имаат ништо против да ја поседуваат оваа Германска “гарсониера” на тркала.
Па можеби не баш гарсониера…бидејќи не сме сретнале гарсониера под 30 метри квадратни.

Овој најнов кампер на германската компанија Ari Motors, на своите сопственици им нуди простор за преспивање и ништо повеќе од тоа, од околу 3 метри квадратни!
Базиран е на Ari 458 Pro, долг е само 3.820 мм, со што може сериозно да им парира на автомобилите од малата компактна класа.
Во кабината има место само за два патници, а ентериерот е спартански. Дури и за клима уред треба да доплатите.

Во задниот дел, каде што можете да престојувате, има активен простор до само 2,8 метри квадратни, со максимална височина од 1,85 метри.
За да се одржи што е можно пониската цена, задниот бокс се нуди како – празен куфер, без мебел, и само со основната инфраструктура – систем за свеж проток на вода со водени резервоари и приклучок за енергија од 230 волти.
Погонот е на еден електричен мотор што испорачува 20 коњски сили (15 kW), а со поголемата батерија која стои како опција може да достигне 230 километри.
Максималната брзина на минијатурниот кампер е 70 km/h.
Што велите? Би сакале да го имате?
Други содржини на нашиот сајт :







